петок, 17 јануари 2025

Ѓоковиќ без мака до осминафиналето на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ го продолжува својот поход кон 11. титула на Австралија опен откако денеска, полесно од очекувањата го победи Томаш Махач од Чешка со 3-0.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот ас загуби само девет гема (6-1, 6-4, 6-4) и ја заврши својата работа за два часа и 22 минути игра. Се очекуваше поголем отпор од противникот ако се има предвид дека лани славеше во меѓусебниот дуел на турнирот во Женева, но тоа не се случи.

Првиот сет беше рамноправен само во првите два гема, по што Ѓоковиќ освои пет по ред за водство од 1-0. Својата шанса Махач ја пропушти во вториот сет кој го отвори со водство од 2-0. Сепак, Новак брзо ги зеде работите во свои раце, повторно направи серија, сега од четири гема за потоа рутински да го освои и вториот сет. Третиот го отвори со брејк кој успеа да го задржи до крајот и да обезбеди пласман во ново осминафинале на Гренд слем турнирите.

Во него ќе се сретне со уште еден чешки тенисер, Јиржи Лехечка кој со 3-0 беше подобар од Бонзи од Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ