Изминативе повеќе од три години покажав како умеам тимски да работам и како умеам многумина од минатото да ги демантирам за нешто што сметале дека е повеќедецениски нерешлив проблем, решавајќи го, рече Ѓеорѓиевски.
„Така имаме состојба во Кисела Вода каде што од целосно нерешена патна инфраструктура, близу 90 отсто од улиците сега се целосно реконструирани. Имаме два нови пазари, имаме 9 објекти нови градинки или доградби коишто се изградени во изминатиов период, училишта кои се доградени, нови спортски објетки и комплекси итн. Во минатото беше незамисливо за викенд во Кисела Вода да го прошетате детето затоа што паркови немаше, мораше да одите во соседни општини. Така да, сметам дека во однос на стручноста и она што значи реазлизирање на проекти јас сум докажан повеќе од било кој во минатото и покажав изминативе три години и неколку месеци како знам и тимски тоа да го работам“, изјави Ѓеорѓиевски.
Според него, дополнителна предност му е тоа што на позицијата претседател на ЗЕЛС покажал дека умее и да преговара, умее да решава и проблеми кои се надвор од неговата општина и дека знае да седне две сериозно „завојувани“ страни да најдат да решение.
Од трета страна пак, вели Ѓеорѓиевски, не верува дека некој подобро ги знае проблемите на Скопје од него. Но, не само проблемите туку и решенијата.
„И за булевар ,Борис Трајковски и за пробивањето коешто го чекаат повеќе децении на ,Лука Геров во Ѓорче Петров. Јас имам целосно свој концепт и дел од програма која ја работам и која верувам дека ќе понуди решенија на повеќедецениските проблеми на Скопје и скопјани“, рече Ѓорѓиевски.