петок, 18 октомври 2024

Гир: „Маркова нога“ е сериозна инвестиција, време е да ја спасиме Преспа

Потребно е изградба на зграда од македонска страна и инвестиции од грчка страна за да се овозможи отворање на граничниот премин „Маркова нога“, истакна денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на промоција на можностите од програмата „ЕУ4Преспа“, финансиран од Европската унија и УНДП, која предвидува средства и за оваа намена. Тој уште кажа дека е време за акција за спас на Преспа.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Гир нагласи дека се работи за една многу сериозна инвестиција и дека овој проект претставува уште eден пример за добра меѓугранична соработка.

„Се надевам дека резултатот од оваа инвестиција ќе придонесе за отворање на граничниот премин Маркова нога. Немам точен датум кога би се отворил, но самата намера на властите и на Европската комисија која е вклучена во ова преку фондови да може овој граничен премин да проработи ќе придонесе за развој на меѓуграничниот регион“, истакна Гир, одговарајќи на новинарско прашање.

Фондовите од Европската унија, како што подвлече, се на располагање.

„Дел од финансиската помош, која ја обезбедува ЕУ во рамките на програмата за меѓугранична соработка се фокусира на отворањето на граничниот премин Маркова нога со цел да се има директен контакт односно директна соработка“, додаде Гир.

Отворањето на граничниот премин „Маркова нога“, според градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, има големо значење, пред сѐ поради соработката со грчката погранична општина Лемос.

„Отворањето на овој граничен премин и неговото функционирање има огромно значење за регионот како за соработката за новој проект така и за наредниот повик кој го работиме со ЕУ“, рече Тозиевски.

Евроамбасадорот Гир денеска уште кажа дека е време за акција за спас на Преспа.

Подобро собирање и третирање на отпадните води, менаџирање на цврстиот отпад, отворање на граничниот премин „Маркова нога“, се само дел од активностите
што ќе се реализираат во Преспанскиот регион во рамките на проектот „ЕУ4Преспа“ финасиран од Европската унија и УНДП.

Проектот, како што истакна на денешната промоција во Ресен, евроамбасадорт Дејвид Гир, а на која присуствуваа и претставник на УНДП, Армен Григориан,градоначалникот Јован Тозиевски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и
министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, вклучува и поддршка за локалните невлаидни организации и институциите, со цел да се заштити природното и културното наследство на Преспа.

„Комбинација на ефекти од глобалното затоплување и човечката активност има драматичен удел врз нивото на водата на Преспанското Езеро, а следствено на тоа и на опкружувањето кое живее тука. Време е за акција да се обидеме да го свртиме овој тренд. Сите чинители во Северна Македонија, Албанија и Грција, националните и локалните власти, граѓанското опоштество, бизнис заедницата и меѓународната заедница треба заедно да работат да ја постигнат истата цел, а тоа е зачувување на ова извонредно место и зачувување на егзистенцијата на луѓето што живеат тука“, рече Гир.

Со спроведување на активностите, нагласи, ќе се изгради одржлива иднина за Преспа.

„Успехот зависи од силната политичка посветеност од централната и локалната власт вклучувајќи инвестиции и од државниот буџет. Крајно време е да се заживее ова, истакна Гир, повикувајќи ги сите релевантни партнери да се ангажираат во интерес на целиот Преспански регион“, рече Гир.

Вкупната вредноста на програмата е 21,5 милиони евра, од кои 18 милиони евра, се обезбедени од Европската Унија, кои, според Гир, ќе овозможат зазеленување на бизнисите на локалните земјоделци и туристичките провајдери и да ги креираат своите работни места.

Преспанското Езеро, како што нагласи претставникот на УНДП, Армен Григориан, е дом на над 2.000 различни видови кои се под закана поради сите негативни влијанија, затоа се потребни големи напори да се заштити езерото.

„Се надвеаме како дел од проектот дека ќе успееме да го возобновивме и зачуваме биодиверзитетот на едно од најстарите слоатководни езера во светот, кое е во опасност поради негативните влијанија, неодржливите земјоделски практики, климатксите промени,загадувањето
и испуштањето на отпад и нетретиран отпад“, рече Григориан.

Реализацијата на предвидените активности, како што посочи, ќе ја зајакнат заштитата на биоразновидноста во Преспанското Езеро и ќе ги унапредат заложбите за одржливо земјоделство и туризам истовремено работејќи на поголеми инфраструктурни интервенции во однос на
отпадните води и управувањето со отпадот.

Проектот ЕУ за Преспа ќе се спроведе во партнерство со министерствата за животна средина и просторно планирање, земјоделство, шумарство и водостопанство и за европски прашања како и локалната самоуправа во Ресен.

„Единствено заеднички можеме да ги оствариме најдобрите можни исходи и долгорочни добри резултати во однос на екологијата и економијата. Проектот ќе помогне заедно да се справиме со загадувањето на водата и почвата, а ќе се зголеми и заштитата на сите видови кои се во опасност во Преспанското Езеро“, подвлече Григориан.

Посочи дека ќе се работи и на промоција на одржлив туризам обезбедувајќи директна финансиска поддршка за проекти за зголемување или подобрување на капацитетите за сместување, набљудувње на птици, и различни прошетки низ регионот, изгрдба на патишта и велосипедси патеки за да може да се ужива во убавините на Преспа, во нејзината богата култура и историја истовремено одржувајќи постојан фокус на заштитата на животната средина.

За првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Меџити реализацијата на активностите од проектот, кој забележа дека е колку четири годишни буџети на Општина Ресен, ќе придонесат за подобрување на туризмот и земјодлестото во Преспа, кои, како што нагласи, се двата главни столба.

„Се надевам дека ќе го запреме бегањето на младите и ќе работиме исцрпно да ја интегрираме Македонија во Европа“, истакна Меџити.

Министерот за земјоделство Трипуновски појасни дека во делот на производството на јаболка ќе се применуваат добри земјоделски практики и имплементација на агроеколошки мерки, ќе се направи надградба на системот за ранопредупредување за заштита на растенијата и оптимизација на наводнувањето, со цел рентабилно земјоделско производство, како и воведување органско
производство со цел конкурентност на пазарите.

„Убеден сум дека заедно со градоначалникот ќе ја постигнеме целта Преспа да биде повторно одржлива и земјоделците од регионот повторно да имаат одржлив равој и просперитет во наредниот период“, рече Трифуновски.

Градоначалникот Тозиевски изрази благодарност што денеска може да се видат првите плодови од проектот „ЕУ за Преспа“, кој е еден од најзначајните за равзој на регионот Преспа.

„Очекуваме во наредниот период заеднички со надлежните министерства УНДП и ЕУ да ги реализираме и останате компоненти од оваа програма. Да ја вратиме Преспа како
најголем бисер во нашата држава, а бенефитот пред сѐ да биде најголем за граѓаните на Преспа, но и за сите жители на Македонија и регионот“, истакна Тозиевски.

Преспанскиот регион веќе е корисник на програмата „ЕУ4Преспа“ преку четир грантови доделени на локални граѓански организации и два договори за придонес потпишани со УНДП.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ