Очекуваме, додава тој, бројот да биде поголем во второто пријавување, но имајќи ги предвид бројките од минатите години, тешко дека предвидената квота може да биде пополнета.
Центар Жупа подолго време се соочува со масовната миграција, во странство е над 60 отсто од некогашната популација на општината, што последователно услови намалување на бројот на учениците.
Секако, тука и фактот што некој од завршените осмоодделенци се запишуваат во средни стручни училишта во државава а некој заминуваат кај своите родители во странство.
Мал број на запишани има и во дебарската гимназија „28 ноември“ или само 65 ученици што е околу 24 отсто од предвидената квота.
Од нив 51 се за паралелките со настава на албански, од предвидените 170, додека 14 од предвидените 102 ученика за македонски наставен јазик.