петок, 18 октомври 2024
Токсиколошките анализи за настанот во Скопје се завршени

Гимназијалецот кој почина по пад од зграда не бил дрогиран, лага е приказната на Ачковска

Објавено на

часот

Сподели

Ачковска тогаш изјави дека нема информации за настанот и дека „за тоа слушнала од муабети од деца“.

Во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот“, објавија пред 2 месеци од полицијата.

Тој ден кога професорката го објави статусот имаше случај со починат гимназијалец. 

Од Министерството за внатрешни работи на 12 март 2023 година кога се случи овој настан соопштија дека во СВР Скопје било пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј. Т. (18).

Извршен бил увид од страна на полициски службеници и по насока на јавен обвинител телото беше дадено на обдукција. Тогаш беше сооптено дека гимназијалецот починал поради повреди настанати од пад од висина.

Од Основното јавно обвинителство Скопје за МКД.мк велат дека ннаодот од обдукцијата е стасан и се разгледува.

„Во меѓувреме се преземаат и други дејствија. По прибирање и анализа на целокупниот материјал ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, ни одговорија од ОЈО Скопје. 

Во овој период кога се случи смртта на средношколецот во јавноста се проширија и непроверени информации дека неколкумина малолетници биле најдени починати во Градскиот парк во Скопје.

„Лажните вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан од викендов, па сѐ до денеска (15.3.2023). МВР категорично ги отфрла овие лаги, бидејќи пријава за таков настан не постои. Очигледна е целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив. Воедно, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции“, објавија тогаш од МВР. 

                                                                                                                                                          К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ