сабота, 27 јули 2024

Гигантите се „тепаат“ за проблематичното дете на Баерн, подготвени се да платат и до 40 милиони евра

Џошуа Зиркзе е во бележникот на многу гиганти ширум Европа, проблематичното дете на Баерн Минхен со одличните партии во дресот на Болоња во Серија А го привлече вниманието и може да направи трансфер вреден 40 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Џошуа Зиркзе важеше за еден од поталентираните играчи во школата на Баерн Минхен, но никогаш сериозно не се наметна во првиот тим и често добиваше критики дека ја нема правата мотивација на тренинзите, а тренерскиот персонал на „баварците“ имаше и замерки за неговиот говор на телото.
Критиките беа најжестоки пред почетокот на сезоната 2021/22, кога на подготовките, на тест натпревар против Ајакс покажа ноншалантност и не погоди празен гол. Тогашниот предводник на Баерн, Јулијан Нагелсман јавно „распали“ по играчот и му замери за несериозната која ја прикажува.
Кратко потоа беше испратен на позајмица во Андерлехт, а следното лето беше продаден на Болоња.
Под водство на Тијаго Мота, офанзивниот фудбалер си ја врати кариерата на прав пат, до овој момент постигна 7 погодока во Серија А, па често е дел од трансфер шпекулациите.
Во Калчото има неколку обожаватели во имињата на Интер, Милан, Наполи Јувентус. ПСЖ исто така го има во својот бележник, како и Манчестер јунајтед.
Се говори дека цената на офанзивниот фудбалер е 40 милиони евра, но последниот збор ќе го има Баерн Минхен, кој поседува опција да го врати Џошуа Зиркзе во своите редови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ