сабота, 27 јули 2024
Министерката за труд за договорот со Бехтел и Енка

Ги штитиме работничките права, но може и да се овозможи заработувачка од прекувремена работа, вели Тренчевска

Објавено на

часот

Сподели

Пратенците го поднесоа законот, а сега по реакциите сите се вклучуваме за да ги заштитиме работничките права. Работната недела е минимум 40 часа. Владата никаде не вели дека ќе биде 60 часа, туку дозволуваме повеќе од осум часа неделно зависно од процесот на работа. Меѓутоа на оној работник кој што сака да работи прекувремено, да може да му биде платено прекувремената работа, а сепак тоа да биде во рамки на законот.„Со измените кои се предложени од страна на пратениците во Собранието е истакнато дека се бара да биде работното време над 8 часа. Тоа не значи дека сите вработени кои ќе работат на коридорот ќе работат 60 часа неделно односно прекувремено 20 часа во неделата“, рече министерката.

Работнците, како што рече, ќе потпишуваат работни договори според кои сами ќе одлучуваат дали ќе работат дополнителни часови кои ќе им бидат платени.

„Ако сакаме брзо да градиме, ако сакаме да изградиме за пократок временски период, треба да има прекувремена работа. А тоа што е најважно, прекуврементата работа ќе биде платена и секој работник ќе даде писмена согласност дека сака да работи прекувремена работа. Без писмена согласност на работникот никој не може да работи повеќе од она што е во моментов предвидено во законот за работни односи“, рече Тренчевска.

 

Таа истакна дека секоја прекувремена работа се пријавува во државниот инспекторат за труд и рече дека тоа е органот кој врши надзор дали е извршена прекувремена работа и дали е платена.

                                                                                                                            Фото: МТ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ