Ова откако вечерва со 11-10 нашите ватерполисти дојдоа до тесна, но заслужена победа над Холандија (11-10). Претходно, вчера, на отворањето на турнирот, македонските делфини со 11-6 го совладаа домаќинот Турција. Избраниците на селекторот Игор Гочанин уште еднаш покажаа дека се во добра форма пред стартот на Европското првенство (ЕП), кое на 16 јануари почнува во Холандија.
Српскиот стратег на клупата на Македонија сигурно им се радува на победите над двата досегашни ривали, кои воедно ќе ни бидат противници и во првата фаза од претстојниот континентален собир. Ова доаѓа од фактот што на двата меча тој се обиде да скрие одредени тактички замисли за многу поважните дуели со Турција и со Холандија на ЕП.