сабота, 27 јули 2024

Гевгеличанец незаконски сакал да внесе поголема количина цигари, полицијата го фати и ќе му поднесе пријава

Објавено на

часот

Сподели

„На граничниот премин Богородица, при контрола на патничко возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н. М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари“, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против гевгеличанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ