сабота, 27 јули 2024

Гевгеличанец фатен на Табановце во обид да превезе четворица мигранти од Непал

На преминот Табановце при проверка на автомобил полицијата утврди дека нелегално се превезуваат мигранти од Непал.

Објавено на

часот

Сподели

„На автопатот – граничен премин Табановце – Куманово, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи -север го лишиле од слобода Д.С.(23) од Гевгелија. При преглед во патничко возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ