Извршниот директор на Тесла, близок до администрацијата на Трамп, ја крена десната рака на начин што наиде на осуда на социјалните мрежи поради споредбата со нацистичкиот поздрав Зиг Хајл.
„Ви благодарам што овозможивте ова да се оствари“, рече Маск, пред да го направи гестот што многумина го споредија со нацистичкиот поздрав Зиг Хајл, додавајќи: „Моето срце е со вас“.
Маск исто така рече: „Ви благодарам што ја обезбедивте иднината на цивилизацијата“.
По овој настан, многу корисници на социјалните мрежи го осудија Маск, обвинувајќи го за нацистички поздрав.
Иако гестот беше краток, тој не остана незабележан, а луѓето брзо реагираа на социјалните мрежи и почнаа да го споделуваат клипот.
Откако со видна возбуда зборуваше за можноста за слетување човек на Марс и поставување на американското знаме, тој изведе чуден гест, а потоа и го сврте грбот на публиката и го повтори гестот кон задниот дел на бината.
„Јерусалим пост“ објави вест за салутирањето на Маск во напис со наслов: „Дали Илон Маск изведе Зиг Хајл на инаугурацијата на Трамп?“