сабота, 27 јули 2024

Германско-турски писател осуден на затвор за поттикнување омраза

Германско-турскиот писател Акиф Пиринчи беше осуден вчера во окружниот суд во Бон на девет месеци затвор без условна казна за поттикнување омраза.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

64-годишникот е казнет поради непријателски изјави за имигрантите на својот блог. Неговиот адвокат Мустафа Каплан за дпа изјави дека тој веќе поднел жалба на пресудата, која сè уште не е правосилна.

Ова не е прва пресуда за Пиринчи за поттикнување омраза. Сепак, тој тврди дека неговите изјави се опфатени со правото на слобода на изразување. Пиринчи, роден во Истанбул во 1959 година, се преселил во Германија со своето семејство во 1969 година и израснал во регионот Ајфел, во близина на градот Бон.

Од 1989 година се прослави со серијалот криминалистички романи „Фелидае“ во кои главната улога ја играат мачки. Романите се продадени во милиони примероци, преведени се на многу јазици и според нив се направени филмови.

Меѓутоа, во последните 10 години Пиринчи најмногу привлекува внимание со своите десничарски популистички и исламофобични изјави. Во 2014 година ја објави својата прва публицистичка книга „Германија полуде: Лудиот култ на жените, хомосексуалците и имигрантите“.

Следната година, на демонстранти против странците во Дрезден им рече дека „за жал, концентрационите логори повеќе не работат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ