Според информациите, македонски навивачи со јајца и други предмети гаѓале во автобусот со кој се возеле Германците, со цел да направат дополнителен притисок врз играчите пред дуелот од второто коло во групата Б на ЕП во Србија.
Автобусот немал никакви оштетувања во „нападот“, но според зборовите на членови на германската делегација, тоа само ги мотивирало да одиграат подобро против Македонија.
Македонија контроверзно го загуби мечот со 23-24, откако судиите од Исланд не признаа регуларен гол на Кире Лазаров во самиот финиш на мечот.