сабота, 27 јули 2024

Германскиот парламент одлучи дека нема крстосувачки ракети „таурус“ за Украина

Германскиот Бундестаг ја отфрли резолуцијата со која се бара таа земја на Украина да ѝ испорача крстосувачки ракети „таурус“, јавуваат светските агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дури 480 пратеници гласале против документот кој го иницираше фракција на опозицискиот блок на Христијанско-демократската и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ). Документот го поддржале 182 пратеника, со пет воздржани.

Во документот се повикува германската влада да ја „признае Русија како егзистенцијална закана“ и да ги заостри антируските санкции.

Покрај тоа, германските власти се повикуваат „да ја поддржат Украина со итно снабдување“ со борбени системи, вклучувајќи ракети „таурус“ и муниција, и „да го преземат лидерството и координацијата околу ова прашање во Европа“.

Во меѓувреме, владејачката коалиција поднесе во Бундестагот сопствена резолуција со која се повикува на испорака на оружје со долг дострел на Киев, иако не се спомнува „таурус“.

Канцеларот Олаф Шолц е против испраќање проектили „таурус“ на Киев, но некои експерти сметаат дека резолуцијата се однесува на проектили МАРС-2.

Таа резолуција беше усвоена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ