Доколку парламентот не му изгласа недоверба на Шолц, се очекува тој да поднесе оставка за да се овозможи процедурата за избори, објави Ројтерс.
Потоа германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер треба да го распушти парламентот.
Партијата Слободни демократи ја напуштија владејачката коалиција минатиот месец, а Шолцовите социјалдемократи и зелените сега владеат без парламентарно мнозинство.
Предвремените парламентарни избори во Германија се закажани за 23 февруари, а Шолц и министрите во владата ќе останат на своите позиции како вршители на должноста до формирањето на новата влада, што може да потрае со месеци доколку има долготрајни преговори за формирање владејачка коалиција по парламентарните избори.