среда, 19 март 2025

Германскиот министер за одбрана: Разговорот Трамп-Путин беше неуспешен

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го критикуваше телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „неуспешен“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Писториус изјавата ја даде во програма на ЗДФ. Руските напади врз украинската инфраструктура „не престанаа по овој наводно одличен телефонски повик“, рече Писториус.

„Путин овде игра игра и сигурен сум дека американскиот претседател нема да може долго да остане пасивен“, рече тој.

Писториус исто така изјави дека ќе дојде време кога Трамп „ќе реагира, ќе мора да реагира“ за да ја зачува „силата и престижот“ на САД.

Разговорот меѓу Трамп и Путин се одржа синоќа и не резултираше со целосен 30-дневен прекин на огнот, како што предложија Американците. Сепак, Путин се согласи на привремена пауза во нападите врз енергетската инфраструктура. На истото се согласи и Киев. Сепак, веќе денес се случија напади од двете страни.

Германскиот министер Писториус рече дека е „грешка“ да се исклучи Европа од разговорите меѓу Трамп и Путин, бидејќи „на крајот, мирот, ако дојде до него, мора да се обезбеди и на европско тло“.

Трамп го пофали разговорот со Путин како „многу добар и продуктивен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ