сабота, 21 декември 2024

Германскиот министер за одбрана оцени дека Русија е опасност за Балканот

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус оцени во Сараево дека наводното влијание на Русија претставува опасност за целиот Балкан, а истовремено кажа дека владата во Берлин ги поддржува амбициите на државите од регионот за членство во Европската Унија ако ги исполнат поставените услови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Писториус престојува во работна посета во Сараево, каде одвоено се сретнал со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, министерот за одбрана на таа земја Зукан Хелез и високиот претставник Кристијан Шмит.

По средбата со министерот за одбрана на БиХ на новинарите им кажа дека на Германија ѝ е исклучително важна безбедноста на БиХ, затоа сака да ѝ пружи секаков вид поддршка, вклучувајќи можно членство во Европската Унија, но европскиот пат на таа земја, како и на сите држави од Западен Балкан, зависи од исполнувањето на јасно поставените услови.

„Тоа така ќе остане бидејќи така треба да биде“, кажа Писториус истакнувајќи дека „не може да се седи на две столчиња“, односно дека на сите треба да им биде јасно кои услови за членство мора да ги исполнат.

Писториус и Хелез порачаа дека исто гледаат на проблемот со наводните сецесионистички закани кои, според нив, доаѓаат од редовите на лидерите на босанските Срби.

„Со своите партнери го следиме тоа, а БиХ никогаш нема да дозволи некој нејзин дел да се отцепи“, кажа Хелез, додека германскиот министер за одбрана истакна дека Еуфор има капацитети и мандат за можно соочување со кризи. Тој додаде дека Германија сака да ја поддржи стабилноста на БиХ бидејќи е свесна дека Русија таа земја, како и целиот Балкан, би можела да го искористи како полигон преку кој би го дестабилизирала Западот.

„Агресивното дејствување на Русија досега наиде на јасен одговор на Западот, а така ќе биде и во иднина“, кажа Писториус, потврдувајќи дека Германија на Украина годинава ќе ѝ ги испорача тенковите „леопард“ кои минатата година ѝ ги вети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ