сабота, 27 јули 2024

Германскиот канцелар: Не можеме до недоглед да субвенционираме енергија за компаниите

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да се погрижиме да имаме евтини производствени капацитети (…)“, тврди канцеларот. Планот на министерот за економија Роберт Хабек до крајот на деценијата да воведе субвенционирана цена од шест центи за киловат час беше критикуван од министерот за финансии Кристијан Линднер, кој вели дека буџетот не го дозволува тоа.

Пред речиси една недела, здружението на германската индустрија (БДИ) ја повика владата да им обезбеди на компаниите долгорочна заштита од високите цени на енергијата, предупредувајќи на заканата за конкурентноста. „БДИ очекува владата брзо да излезе со план кој гарантира сигурно снабдување со енергија на долг рок, по меѓународно конкурентни цени“, велат од здружението.

Паралелно со брзото проширување на обновливите извори на енергија и зелената инфраструктура, потребни се и долгорочни решенија за да се направи електричната енергија поатрактивна за компаниите и граѓаните, што би поттикнало трансформација, нагласуваат оттаму. Според нив, владата треба да обезбеди и дополнителна краткорочна помош за компаниите кои се нашле во финансиски проблеми поради поскапувањето на струјата или може да ги очекуваат во иднина.

Постојните субвенции за новите технологии треба да се прошират и поедностават, а нивното финансирање да не го следи принципот на меѓусебно субвенционирање на индустриските сектори, посочи БДИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ