сабота, 27 јули 2024

Германски генерал по враќањето од Украина: Уште не е време за контраофанзива, времето е лошо

Објавено на

часот

Сподели

Временските услови за долгоочекуваната украинска контраофанзива сè уште не се добри, изјави генералниот инспектор на германските вооружени сили Карстен Бреуер за државната новинска агенција Дпа по враќањето од Украина.

Подготовките за операцијата се во полн замав, рече Бреуер, додавајќи дека тенковите од германско производство, испорачани на Украина од западните земји, веќе виделе одредена акција.

„Ми беше објаснето како се води битката на првите линии. Земјата сè уште е каллива и влажна“, рече Бреуер по дводневната посета на Киев минатата недела.

Таму, главниот инспектор на германската армија се сретна со врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни и со министерот за одбрана Алексеј Резњиков.

„Условите за сеопфатна офанзива сè уште не се создадени во последните неколку недели“, рече германскиот генерал, додавајќи дека некои полиња во Украина сè уште изгледаат како „големи езера“.

Сепак, Киев го уверил дека „плановите за украинска офанзива се во тек“, рече Бреуер.

Тој истакна дека германските борбени тенкови „леопард“ веќе се користени во борба. „Ми беше јасно дека тие се во акција“, рече тој, истакнувајќи дека Украинците сега имаат доволно опрема за да „преживеат во борба“.

Сепак, германскиот генерал рече дека „барањата на Киев со текот на времето ќе се приспособат“.

Пред да пристигне во Киев, Бреуер го прегледа и западниот логистички систем во Полска, кој се користи за испорака на воена опрема и материјали за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ