сабота, 27 јули 2024

Германски генерал: Нереално е да се очекува дека Украина ќе ја врати целата окупирана територија

Германскиот пензиониран бригаден генерал Хелмут Гансер предупреди дека декларираната украинска цел за „ослободување на сите територии кои ги окупира Русија, вклучувајќи го Крим“, е илузија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувањето дека Украина може да го обнови својот целосен територијален интегритет со воени средства се темели на очигледно губење на реалноста ако го имаме предвид огромниот напор кој тоа би го барало и сè помалата спремност за поддршка на Западот“, објасни Гансер во интервју за весникот Цајт.

Тој смета дека постои голема опасност од вовлекување на НАТО во војната ако сè се стави на картата на „украински победнички мир“. Одговорната безбедносна политика, која мора да спречи можна штета за германското население (што е уставна задача на канцеларот) не смее да оди по тој пат“, смета Генсер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ