сабота, 27 јули 2024

Германски аналитичар: Со испораката на противтенковски ракети на Косово, САД ѝ порачуваат на Србија дека не е доверлив партнер

Со испораката на противтенковски ракети на Косово Вашингтон им испраќа порака на властите на Србија дека не ги смета за доверлив партнер, изјави за Радио слободна Европа вишиот стручен соработник во берлинскиот Совет за политика на демократизација Курт Басинер.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден ден откако американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил го извести претседателот на Србија Александар Вучиќ дека Соединетите Американски Држави одлучиле да го прифатат барањето на Приштина за купување противтенковски ракети „џавелин“, Басинер наведе дека тој потег сè уште не покажува суштинско преиспитување на политиката на Западот кон српските власти, но дека е назнака дека таа може да биде разгледувана.

„Пораката која САД ја испраќаат со оваа продажба, а која амбасадорот Хил морал да ја пренесе, е дека Србија, и покрај западните изјави дека е партнер во дијалогот, не ја смета за доверлив партнер или доверлив под актуелното раководство“, кажа Басинер.

Според соопштението на кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ на Хил му одговорил дека одлуката на САД е „големо разочарување“ за Србија, но дека Белград и покрај тоа ќе „работи на зачувување на српско-американските односи“.

Приштина од САД побарала да купи 246 проектили „џавелин“ ФГМ-148Ф, 24 лансирни единици, тренажери за основни вештини, тренажери за надворешна употреба, симулатори на проектили, станици за инструктори и единици за ладење на батерии, со вкупна вредност од 75 милиони долари.

Претседателот на Атлантскиот совет на Србија Владан Живуловиќ оцени дека одлуката на Вашингтон е „логична последица“ по септемврискиот конфликт на групата вооружени Срби и косовската полиција во селото Бањска.

„Американците сега покажаа дека повеќе не сакаат да толерираат ситуација како нападот во Бањска и спуштање на нашата војска на самата граница. САД со ова на раководството во Белград му испратија сигнал дека сакаат да ја исклучат можноста Косово да се користи за ескалации, кои очигледно се случуваат во моменти кога во Србија постои внатрешна политичка криза“, кажа Живуловиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ