сабота, 27 јули 2024

Германски аналитичар: Ако Украина изгуби, милиони бегалци ќе стигнат во Европа

Германскиот аналитичар кој ги проучува миграциите Герал Кнаус предупреди на можноста од пристигнување и до неколку милиони украински бегалци во Европската Унија во случај на победа на Русија, пренесуваат германските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Оние кои во моментов се колебаат околу помошта за Украина не се свесни што е во игра. Бидејќи ако Украина ја изгуби оваа војна, тогаш следува најголемиот бран бегалци од четириесеттите години на минатиот век и многу милиони ќе дојдат во Европа“, кажа Кнаус во разговор за РНД.

Тој кажа дека уште сега во Украина има околу десет милиони протерани лица кои не сакаат да ја напуштат земјата бидејќи веруваат дека по победата на Украина ќе се вратат во своите домови.

„Но ако надежта за враќање ја снема, тоа би можело да предизвика нови масовни движења на бегалци кон Западот“, заклучи Кнаус, директорот на аналитичката група Европска иницијатива за стабилизација.

Тој укажа и дека од 4,2 милиони украински бегалци, колку што сега ги има во Европската Унија, 1,2 милиони се во Германија.

„Тоа е, земајќи го предвид бројот на жителите, помалку отколку во Полска, Чешка или Бугарија, но многу повеќе од Франција“, кажа Кнаус за РНД.

Во последните месеци во Германија се води расправа за погодностите за украинските бегалци кои, за разлика од бегалците од други земји, од првиот ден на престојот уживаат социјални повластици во полн опсег како и домашното население.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ