среда, 23 октомври 2024

Германска телевизија: Авганистанци со азил во Германија патуваат на одмор во татковината

Германски политичари повикаа на моментален прекин на азилантскиот статус по извештаите на медиуми според кои Авганистанци кои во Германија побарале азил поради прогон во својата татковина редовно патуваат во Авганистан на одмор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Германија мора да остане отворена земја, но не и глупава. Властите мора да гарантираат дека лицата кои кај нас бараат помош, но истовремено заминуваат на одмор во земјата на потекло, по кратка постапка да го изгубат азилантскиот статус и да ја напуштат Германија“, кажа за весникот Билд комесарот на сојузната влада за миграции Јоаким Стамп.

Тој кажа дека бидејќи германската влада „се обидува да воведе ред во миграциите“, ваквите вести изгледаат контрапродуктивно.

Стамп ги повика сојузните покраини и градовите, во чија надлежност е обработката на барањата за азил, да „дејствуваат со сите сили“ за да се откријат ваквите случаи.

Телевизијата РТЛ пред неколку дена објави репортажа за Авганистанци кои во Германија побарале азил поради наводен прогон во земјата на потекло, а редовно преку Иран патуваат во Авганистан.

Според таа репортажа на патниците на граница не им се ставаат печати во пасошот, туку на посебно ливче за по пристигнувањето во Германија да се скрие од каде лицето навистина доаѓа.

Патувањата ги организира туристичка агенција во Хамбург. Портпаролката на канцеларијата за миграции на Хамбург кажала дека патувањето во земјата на наводниот прогон само по себе исклучува азил во Германија.

Сè повеќе политичари во последно време се изјаснуваат за протерување на странците дури и во земји како Сирија и Авганистан. Тоа особено се однесува на оние со криминално досие.

Расправата ја почна канцеларот Олаф Шолц откако Авганистанец во јуни со нож уби полицаец.

Германскиот канцелар тогаш најави „големо протерување“ и во земји како Сирија и Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ