Украинскиот амбасадор Олексеј Макеев симболично ја испорача првата од вкупно 54 самоодни хаубици што Германија ќе ѝ ги достави на Украина. Првите шест системи првично ќе останат во Германија за да се користат за обука на украински војници.
„Не ни требаат посредници, ни требаат сојузници“, рече амбасадорот во врска со можните преговори за завршување на војната. „Мора да се бориме за мир. Добро е да се знае дека Германија е на страната на Украина“, додаде тој.
Како што пишува Киев индепендент, станува збор за хаубици со топови од 155 мм, поставени на оклопно возило со четири оски („8х8“).
КНДС, заедничка компанија меѓу германската КМВ и француската Некстер, вели дека РЦХ 155 може да истрела до девет проектили во минута. Самоодната хаубица РЦХ-155 е комбинација од оклопниот транспортер ГТК боксер и автоматската артилериска купола ПзХ 2000, пишува Киев индипендент.
Испукува гранати од 155 мм на растојание до 54 километри. Благодарение на базата на тркала, слична на тешко оклопно возило, може брзо да се движи по пат и надвор од него со брзина поголема од 100 километри на час.
Украина е првата земја што го доби новиот РЦХ 155.