петок, 21 јуни 2024

Германија за прв пат плати гас според Путиновите правила

Објавено на

часот

Сподели

Руската платежна шема, која вклучува отварање сметки на кои би се плаќало во евра, кои потоа би се замениле во рубљи, ги откри пукнатините во обединетиот одговор на Европа кон Русија за нејзината инвазија на Украина, при што некои земји одбиваат да платат, а други наоѓаат начини да се усогласат, пишува Ројтерс.

Регулативата ги подели земјите на ЕУ. Така, Полска, Бугарија и Финска одбија да платат за рускиот гас според новите правила и Газпром им ги прекина испораките во мај. Оваа недела руската компанија најави дека веќе нема да испорачува гас на холандската ГасТера или данската Орстед.

Германија е голем увозник на руски гас, кој минатата година чинеше повеќе од половина од нејзиниот увоз на тој енергент, а значителен дел нарачуваа Унипер и РВЕ. Двете компании веќе најавија дека ќе отворат сметки во Газпромбанк, во согласност со важечките санкции кон Русија, за да обезбедат континуирано снабдување со гас на Германија.

„Како и другите германски и европски компании и Унипер го смени начинот на плаќање за гас испорачан од Русија. Унипер плаќа во евра во согласност со новиот механизам за плаќање“, напиша компанијата во изјавата доставена по електронска пошта во вторникот.

„Првата уплата беше извршена на крајот на мај. Унипер така постапува во согласност со санкциите и може да продолжи да гарантира навремено исполнување на договорот“, додаваат тие.

Исплатата е извршена во координација со германската влада и во согласност со насоките на ЕУ, истакнаа тие. Компанијата во мај најави дека првата уплата според новиот модел ќе ја изврши на крајот на месецот, но не прецизираше датум. Портпаролката на РВЕ исто така во вторникот потврди дека тие префрлиле евра на сметка во Русија, отворена за плаќање гас според новиот модел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ