сабота, 27 јули 2024

Германија: уапсени тројца тинејџери осомничени дека планирале исламистички терористички напад

Обвинителството во Дизелдорф соопшти дека тројца тинејџери се уапсени под сомнение дека планирале исламистички екстремистички напад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за девојчиња на 15 и 16 години и за едно 15-годишно момче, уапсени во разни делови на областа Рајна-Вестфалија.

Тие се осомничени дека изразиле спремност да извршат „исламистички мотивирани терористички напади“ и нивно планирање, пренесува АП.

Германските медиуми тврдат дека уапсените тинејџери создале интернет-група за разговор и дека не прецизирале конкретни планови за местото или времето на нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ