сабота, 27 јули 2024

Германија: Штрајк на обезбедувањето на аеродромите, откажани и одложени околу 1.100 летови

Работници од обезбедувањето денеска ги напуштија своите работни места на повеќето поголеми аеродроми во Германија, како дел од еднодневниот штрајк чија цел е да се зголеми притисокот врз владата во спорот околу платите, што доведе до масовно откажување на летовите во Германија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според проценките на аеродромското здружение АДВ, околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени поради штрајкот, во кој беа погодени околу 200.000 патници, пишува германски Шпигел.

Германскиот синдикат Верди ги повика работниците на штрајк на 11 аеродроми – Берлин, Франкфурт, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Штутгарт, Лајпциг, Хановер, Дрезден, Бремен и Ерфурт.

Како што претходно објави ДПА, се очекува повеќето од 25.000 вработени во контрола на патници и стоки, како и оние кои работат во сервисни служби, како што се возачи на аеродромски автобуси, да престанат со работа 24 часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ