сабота, 19 октомври 2024

Германија подобра од Шведска

Објавено на

часот

Сподели

Иако Германците се мачеа во првите два меча и требаше веќе да ги спакуваат куферите за дома, попладнево одиграа фантастично против четвртата селекција од последниот Мундијал и ќе патуваат во Белград , каде што може да пренесат максимални четири бода во новата група. Ако Македонија победи вечерва со Чешка, нешто што го очекува целата нација, Германците ќе имаат четири бода, а ние и Шведска по еден. Во случај на наше црно сценарио, Германија, Шведска и Чешка ќе пренесат по 2 бода.

„Панцирите“ ја искористија секоја грешка на Шведска, па уште во самиот старт направија предност, која „викинзите“ не можеа да ја стопат. Сè што успеваа тие да направат беше да стигнат на максимум два гола негатива, а кога Германците ќе им дадеа шанса да ја стопат разликата, на сцена стапуваше голманот Силвио Хајневетер, кој бранеше чисти зицери. Хајневетер мечот го заврши со 10 одбрани.

Уве Геншајмер беше прво име на Германците со девет гола, од кои осум во првиот дел. Пет даде Патрик Грецки, а четири Свен Сорен Кристоферсен. Кај Шведска, прво име беше Екдал Ду Риц со осум гола, а Јонас Лархом даде шест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ