петок, 18 октомври 2024

Германија по неверојатна драма ја елиминираше Франција од Олимписките игри

Ракометарите на Германија добија неверојатен меч со Франција, дуел кој ќе се раскажува поради возбудливоста која ја даде, се играа и продолженија по кои Германците славеа со 35-34.

Објавено на

часот

Сподели

Франција ја имаше поддршката од полните трибини во „Пјер Мороа“, имаа водство, беа пред победа и со неверојатна грешка на Дика Мем ја пропуштија во последните секунди.

На две ипол минути до крајот Деска погоди пенал за 28-26. Следуваше тајм-аут за Германија по кој Колбахер се избори за седмерец, а Ушчинс реализира за негатива од еден разлика. Дика Мем даде гол на спротивната страна и Французите повторно поведоа со два гола предност, беше 29-27.

Но, Германците не би биле Германци ако се откажат. Дадоа гол за еден негатива. Имаше уште шест секунди игра, Франција со водство во рацете изведуваше од центарот. Дика Мем опколен од Германци направи неверојатна грешка, Кастер фрли контра, а Ушчинс погоди во последната секунда за нерешено, 29-29. Натпреварот отиде во продолженија.

Во продолженијата беше изедначено, а херојот Ушчинс уште еднаш погоди во последните секунди за победа на Германците од 35-34. Остана уште некоја секунда и за Французите, кои се обидоа да израмнат, но германскиот голман не дозволи. Големата радост можеше да почне.

Ренарс Ушчинс даде дури 14 голови, кај Французите најефикасен беше Дика Мем со десет голови, но и покрај овој учинок, тој е најголемиот трагичар на Франција на овој меч.

Германија во полуфиналето ќе игра против Шпанија која претходно исто така по продолженија го победи Египет.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ