сабота, 27 јули 2024

Германија одби да ѝ прати моќни далекосежни ракети на Украина

Германскиот парламент синоќа го одби предлогот на ЦДУ и на ЦСУ да ѝ се пратат на Украина ракети со долг досег таурус.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Речиси сите претставници на владејачката коалиција – социјалдемократите, зелените и либералите – го одбија предлогот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и на сестринската баварска Христијанско-социјална унија (ЦСУ) да ѝ се прати на Украина оваа модерна ракета од шведско-германско производство.

Германската агенција Дпа пишува дека овој резултат од гласањето е збунувачки зашто зелените и либералите со месеци бараа од канцеларот Олаф Шолц да ги прати овие ракети, кои би му овозможиле на Киев да гаѓа длабоко во руска територија.

Претставниците на либералите тврдат дека гласале против зашто предлогот бил поврзан со годишниот извештај на парламентарниот комесар на германските вооружени сили, „што не е добро“, напиша Мари-Агнес Страк-Зимерман, која сепак го поддржува праќањето на ова оружје на Киев.

Таурус е една од најмодерните ракети, способна да уништи комплекс бункери од голема оддалеченост и височина. Шолц во почетокот на октомври реши засега да не ја снабдува Украина со ова оружје плашејќи се токму од тоа дека Украина би можела да ја гаѓа руската територија, пренесува Дпа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ