Германската влада не планира во блиска иднина да ѝ испорача на Украина крстосувачки ракети таурус, објави денеска Билд, повикувајќи се на извори од германската и украинската влада.
Германија официјално не одби да испрати ракети во Украина, но внатрешно јасно стави до знаење дека во моментов нема да се испраќаат ракетите, велат соговорниците на весникот.
Канцеларот Олаф Шолц, наводно, исто така смета дека испораката на тауруси е малку веројатна, а германските власти се загрижени дека проектилите потенцијално би можеле да го погодат Керчкиот мост.
Украинските власти со месеци бараат ракетите што поскоро да бидат испратени до нивната армија.