Оваа помош е вредна 576 милиони евра, а минатиот месец министерот за одбрана Борис Писториус најави пакет помош за Украина вреден 478 милиони евра.
„Така вкупната вредност на мерките за поддршка е преку милијарда евра“, наведе портпаролот на германското министерство за одбрана за Ројтерс.
Чешкиот премиер Петр Фијала изјави на 8 март дека преку чешката иницијатива се собрани доволно средства од сојузниците за купување на првата серија од 300.000 парчиња артилериски гранати, како и дека вкупно 800.000 гранати се достапни во трети земји. Чешкиот претседател Петр Павел тогаш додаде дека се достапни вкупно 500.000 парчиња муниција со калибар 155 милиметри и 300.000 парчиња муниција со калибар 122 милиметри кои можат да бидат испорачани бидејќи средствата се собрани.