петок, 26 јули 2024

Германија им го олесни влезот на луѓето надвор од ЕУ кои бараат работа

Во Германија денес стапи на сила новата шема за визи за квалификувани работници од земјите надвор од Европската Унија која овозможува влез во таа земја и барање работа до една година со услов да се исполнуваат одредени критериуми.

Објавено на

часот

Сподели

Новата шема, позната како билет за шанса за барање работа, овозможена е за оние со најмалку две години стручна обука или универзитетска диплома призната во земјата во која е стекната квалификацијата. Исто така е потребно познавање на германски или англиски јазик.

Дали подносителите на барањето ги исполнуваат условите за таква виза се пресметува врз основа на јазичните вештини, професионалното искуство, староста и врските со Германија.

Кога билетот ќе се одобри, подносителот на барањето може да влезе во Германија и да бара работа до една година, што значи дека повеќе не мора да се поднесува договор со германска компанија пред да може да влезе во Германија да работи.

Новата шема е воведена со цел да се намали бирократијата и да се скратат процедурите.

„Обезбедуваме работниците и квалификуваните работници кои со години ѝ се ургентно потребни на нашата економија да можат да дојдат во нашата земја“, кажа во саботата министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Новата шема е дел од широкиот пакет закони кои треба да го реши акутниот недостиг на квалификувана работна сила во Германија.

Првата фаза почна во ноември 2023 и главно вклучуваше олеснување на патот до дозвола за престој познато во ЕУ како син билет.

Од денес се проширени можностите за државјаните на земјите од Западен Балкан кои бараат работа, вклучувајќи и неквалификувани работници.

Сепак, за ова и понатаму е потребен договор со германска компанија како предуслов за влез во Германија за работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ