„Целта на иницијативата е да се забрза процесот на проширување. Предлагаме да се минимизираат ветата и блокадите поради билатерални прашања и да се користи квалификувано мнозинство за одлучување во процесот“, рече Фајон.
Предлогот доаѓа од либерално демократски влади во двете држави. Европските либерал-демократи се надеваат дека ова ќе биде прифатено и од Европската народна партија и од европските социјалисти, за да може да прерасне во политика на ЕУ.
Бугарија повеќе години го блокира стартот на преговорите на Македонија со Унијата. Седум држави членки меѓу кои и Бугарија пред десетина дена ставија вето на отворање ново поглавје за Србија. Хрватска ги блокира преговорите на Црна Гора. Грција континуриано се заканува дека Албанија нема да напредува на патот кон Унијата ако не го почитува нивното малцинство.