четврток, 26 декември 2024

Германија го заврши експериментот со четири работни дена, ги објави резултатите

Во Германија неодамна е завршен шестмесечен експеримент со четиридневна работна недела, во кој учествувале 45 компании. Резултатите се толку позитивни што повеќето компании решиле да продолжат со истиот начин на работа. Сепак, не се сите резултати сосема очекувани; некои изненадиле, а некои потфрлиле.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето требаше да се спроведе пред две години, но тогаш немаше доволно компании што сакаа да учествуваат во него.

Годинава се пријавија доволно компании, но не поминале сите според планираното. Имено, новиот експеримент, кој од февруари го спроведуваа консултантската компанија Интрапренор (Intraprenör) и здружението „Четиридневна недела во светот“ (4 Day Week Global), две компании прекинале пред истекот на рокот, а две не го намалиле реално работното време на вработените, така што во експериментот всушност учествувале 41 компанија.

Марика Плац од Универзитетот во Минстер, кој учествувал во евалуацијата на овој експеримент, за ДВ објаснува дека самите компании можеле да одлучат како да го намалат работното време на своите вработени: некои намалиле повеќе, некои помалку од 10%. На крајот, само во 85% од компаниите што биле вклучени во студијата, вработените навистина работеле четири, а не пет дена во неделата со целосна плата.

Како функционирале компаниите?

Водачот на истражувањето, Џулија Бакман, коментира дека при мерењето на ефектите од скратувањето на работната недела научниците не се потпирале само на самопроцените за сопствената благосостојба што ги добивале од вработените, туку ги следеле и нивните физиолошки податоци – отчукувањата на срцето, нивото на активност, квалитетот на спиењето, па дури и примероците од косата, што исто така покажува колку личноста била под стрес.

Освен што ја проверувале благосостојбата на вработените, научниците во експериментот ја следеле и продуктивноста.

Имено, клучната претпоставка на застапниците на четиридневната работна недела е дека вработените ќе бидат поодморени, порасположени и помотивирани за работа доколку работат еден ден помалку, за на крај продуктивноста да остане иста или дури да биде повисока отколку ако работат пет дена.

Овие претпоставки во германскиот експеримент главно се оствариле. Таа пилот-програма покажала дека, и покрај намалувањето на работното време, приходите и профитот на компанијата останале стабилни, па дури и зголемени. Вработените доживувале помал притисок и чувство на исцрпеност на работа.

Дури биле физички поактивни во смисла дека правеле повеќе чекори дневно од вработените од вообичаените групи, а исто така спиеле во просек 38 минути повеќе неделно. Во исто време, субјективното чувство на вработените било дека имаат поголема волја за работа и дека работат повеќе отколку да работеле пет дена во неделата.

Како и многу други земји, Германија се соочува со недостиг од работна сила, но наместо да ги зголеми работните часови за да го ублажи недостигот, како што направи Грција, таа одлучи да тестира модел што треба да поттикне повеќе луѓе да се вработат и да бидат попродуктивни на работа.

Истражувачката анализа покажала дека пократката работна недела всушност може да го намали недостигот од квалификувана работна сила затоа што некои луѓе што сега не бараат работа би можеле да работат кога работната недела би траела само четири дена.

Карстен Мајер, извршен директор на Интрапренор, за Блумберг изјави дека четиридневната работна недела била успешна не само во привлекувањето нови таленти, туку и во задржувањето на постоечките работници. Задоволните вработени имаат поголема веројатност да останат во компанијата, што на некој начин помогнало да се реши проблемот со недостигот од работна сила.

Сомнежи и неочекувани резултати

Сепак, резултатите не беа усогласени, како ни постапките на компаниите вклучени во експериментот. На пример, некои компании смениле некои работни процедури: ги скратиле и оптимизирале деловните состаноци, додека секоја четврта компанија вовела нови дигитални алатки во својата работа.

Некои експерти предупредија дека во истражувањето учествувале само четириесет компании од речиси 3,5 милиони, колку што има во Германија. Претпоставката е дека на поканите за учество се јавиле компаниите што веќе размислувале за скратување на работната недела. Ова може да значи дека примерокот не е репрезентативен.

Освен тоа, некои експерти предупредија дека не сите компании во сите видови работа можат да си дозволат скратување на работната недела. На пример, ова е потешко да се постигне во полицијата, противпожарната служба, здравството, медиумите, образованието и транспортот.

Отпор кај здруженијата на работодавци

На скратениот модел главно се спротивставуваат здруженијата на работодавци.

На пример, Британското здружение на работодавци (ЦБИ) изрази загриженост дека скратувањето на работната недела може да ги зголеми оперативните трошоци и да ја намали конкурентноста на компаниите, особено во секторите каде што има постојана потреба од работна сила, како што се здравството и производството. Според нивното гледиште, четиридневната работна недела може да доведе до потреба од ангажирање дополнителни работници за одржување на истото ниво на производство, што би било финансиски и логистички товар на помалите работодавци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ