петок, 25 октомври 2024

Германија ги зголемува испораките на оружје за Израел

Германската сојузна влада ги прошири дозволите за испораки на оружје на германските произведувачи за Израел. Според наводите на сојузното министерство за надворешни работи од август е одобрен извоз во вредност од 94,5 милиони евра, пренесува Дојче веле.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е двојно повеќе отколку што министерството за стопанство минатата недела му пријавило на одборот на Бундестагот за стопанство. Министерството имено навело дека во целата оваа година до 13 октомври е одобрен извоз на оружје во Израел во вредност од 45,5 милиони евра. Новата бројка произлегува од одговорот на министерството за надворешни работи на прашањето на пратеничката Севим Даглделен, кој го добила германската новинска агенција ДПА.

Околу испораките на оружје на Израел веќе со месеци се водат расправи. Минатата година сојузната влада одобрила испорака на оружје и воена опрема за Израел во вредност од 326,5 милиони евра, меѓу кои военото оружје било вредно 20,1 милион евра. Најголемиот дел од одобрениот извоз е даден по упадот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023.

Пратеничката Севим Дагделен во изјавата за ДПА германскиот извоз на оружје за Израел го нарече „неодговорен“. „Владејачката коалиција со испораките на оружје за Израел пружа помош во вршењето воени злосторства во Газа и Либан, наместо да ја послуша волјата на мнозинството на жителите на Германија кои се забрана на извозот на оружје“, кажа германската политичарка со турско-курдско потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ