петок, 21 март 2025

Германија ги преполови работните дозволи за Македонија

Од досегашните 50.000 работни визи, Германија го намали бројот на годишни влезни дозволи на 25.000 за граѓаните на Македонија и на другите балкански држави.

Објавено на

часот

Сподели

Политиката на новата германска влада е намалување на бројот на имигрантите, па оваа одлука е резултат на економската нестабилност, рецесија и промени во политиките.

Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена, а многу сектори, вклучително и градежништвото, веќе не вработуваат во истиот обем како претходно.

Покрај тоа, значителен број Украинци кои поради војната се преселија во Германија добија право на престој и работа, што дополнително влијаеше на вработувањата на работници од Балканот.

Балканските држави, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора, од 2016 година имаа можност за легален влез на нискоквалификувани работници во Германија. По поседлните измени, бројката е значително намалена.

Германските работодавачи предупредуваат дека овие нови ограничувања на квотите може да доведе до недостиг на работна сила во одредени сектори како што се градежништвото, угостителството и негата.

Зголемувањето на трошоците за живот и намалените можности за вработување придонесуваат дел од македонските работници да се враќаат во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ