недела, 23 март 2025

Германија, Франција и Британија во заедничко писмо повикуваат на итен прекин на огнот во Газа

Германија, Франција и Велика Британија, огорчени од бројот на цивилни жртви во Газа, рано утринава издадоа заедничка изјава во која повикаа на итно обновување на прекинот на огнот во појасот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Огорчени сме од бројот на цивилни жртви и повикуваме на итно обновување на прекинот на огнот“, изјавија министрите за надворешни работи на трите земји, Жан-Ноел Баро, Аналена Баербок и Дејвид Лами.

„Ги повикуваме сите страни да продолжат со преговорите за прекинот на огнот да се спроведе во целост и да стане траен“, додаваат тие. „Го повикуваме Израел да ја овозможи испораката на помош, вклучително и пристапот до вода и електрична енергија и да обезбеди медицинска нега во согласност со меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението.

Министрите ги повикаа и милитантите на Хамас да ги ослободат израелските заложници.

Тие исто така рекоа дека конфликтот меѓу Израел и Палестинците не може да се реши по воен пат и дека долгорочен прекин на огнот е единствениот веродостоен пат кон мирот.

„Јасно е дека Хамас повеќе не смее да владее со Газа или да претставува закана за Израел. Сепак, овој конфликт не може да се реши по воен пат. Понатамошно крвопролевање не е во ничиј интерес“, рекоа министрите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ