„Тоа значи дека германската делегација е против злоупотребата на европското знаменце за закони кои немаат допирна точка со европското законодавство“, потенцира Милошовски.
Во однос на доставениот допис до Европската Комисија, а кој се однесува на употребата на европското знаменце, тој информира дека е доставен до членовите на Комисијата, како и до известителот во Европскиот парламент за земјава Илхан Ќучук.
„Да, има реакции, она што го знаеме е дека во рамките на Комисијата за надворешна политика ова е примено и дистрибуирано до членовите на комисијата во Европскиот Парламент и исто така дописот го има разгледано и известителот во Европскиот парламент за Македонија“, рече Милошоски.
„Втората тема која што отворивме е дека е болен парадокс во време кога се разговара на политички теми поврзани со Европската унија, истовремено во истата соба да имате седница на Комисијата за европски прашања каде се употебува европското знаменце за да се пиокрие досега можеби највисоката корупција на тајниот документ којшто го потпишале Артан Груби и Димитар Ковачевски за таканаречените делови од коридори. Друго што беше споменато е дека ги споделивме бројките кои велат дека 85 проценти од македонскиот народ е против ваквото наметнато уценување и барање за промена на Уставот“, рече Милошоски.
Тој информира дека на Сарацин му посочиле оти сериозни невладини граѓански организации што се занимаваат со европските интеграции подолго време укажуваат на тоа дека нивната проценка е дека ова нема да биде ниту прво, ниту последно барање или уцена од страна на Бугарија и затоа треба претпазливо да се пристапи кон оваа непромислена преземена одлука за да не се соочиме со втора, трета или четврта блокада, уцени кои што ќе доаѓаат на сметка на некакви историски прашања.