сабота, 27 јули 2024

Германија: Десетици илјади луѓе на протест против екстремната десница

Десетици илјади луѓе се приклучија на протестите во Минхен во средата навечер против екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).

Објавено на

часот

Сподели

Шарлот Ноблаух (90), која го преживеала Холокаустот и е поранешна претседателка на главната еврејска федерација во Германија, ја предупреди толпата на растечката сила на АфД, партија чија популарност се зголеми на анкетите низ Германија изминатата година.

Полицијата процени дека околу 35.000 луѓе присуствувале на настанот во главниот град на Баварија. Протестите се одржуваат на само неколку дена пред изборите во таа сојузна држава.

Неодамнешните анкети покажуваат дека АфД е на добар пат да освои места во баварскиот покраински парламент на гласањето в недела.

Ноблаух смета дека ако, според анкетите, секој седми гласач во Баварија сака да гласа за екстремно десничарската партија в недела, тогаш тоа веќе не е чист лапсус на политичкиот естаблишмент.

„Мора да им биде јасно на сите: она што ќе ни се лизне денес, утре може да ја закопа нашата демократија“, предупреди таа.

Ноблаух го преживеала холокаустот благодарение на луѓе што ја скриле на фарма во Баварија.

Таа рече дека довербата во демократската култура ја стекнала во децениите по завршувањето на Втората светска војна.

„Денес демократијата во Германија е на тест и се надевам дека овој пат ќе се покаже дека оптимистите се во право“, предупреди оваа 90-годишна жена.

Таа додаде дека „во спротивно, се соочуваме со многу тешки времиња за малцинствата како еврејската заедница, но и за населението во целина“.

„Ако екстремистите одлучуваат за политиката, Германија ќе стане поинаква земја: помалку слободна, понесигурна и посиромашна“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ