сабота, 27 јули 2024

Германија депортира мигранти во Полска

Германската полиција почнала да ги депортира нелегалните мигранти назад во Полска, иако тие тврдат дека во земјата стигнале од Холандија, Австрија и други земји, а не преку Полска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Бизнис алерт, Германија вратила 3.500 мигранти од 5.600 луѓе за кои се тврди дека нелегално преминале од Полска во Германија.

„Од 1 јануари до 30 април 2024 година, сојузната полиција регистрирала вкупно 5.621 лице кои нелегално ја преминале полско-германската граница. Од нив 3.578 луѓе се вратени во Полска“, истакна новинарка на Бизнис алерт.

Пактот на Европската Унија за миграцијата, кој ќе стапи на сила во 2026 година, предвидува државите членки да бираат дали ќе ги примат преселените нелегални мигранти или ќе платат 20.000 евра за секој мигрант што ќе го одбијат.

Миграциите оваа есен се клучното прашање за гласачите во три источни германски држави. Германија не крие дека се надева дека миграцискиот пакт ќе ѝ овозможи да го намали бројот на мигрантите на своја територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ