сабота, 27 јули 2024

Германија бара од Кина да изврши притисок врз Москва да ги повлече своите војници од Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Размената на мислења за руската агресорска војна против Украина беше во центарот на овој интензивен разговор“, рече портпаролот на министерството Кристијан Вагнер на прес-конференција.

„Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, има посебна одговорност и треба да игра конструктивна улога во корист на мирот и безбедноста во светот“, рече портпаролот, потсетувајќи дека Берлин „ќе ја поддржува Украина сѐ додека е потребно“ во војната против Москва.

Тој додаде дека Германија побарала од Кина „да изврши притисок врз Русија за Москва веднаш да ги прекине своите напади и целосно да се повлече од Украина“. Според него, „Кина треба да го искористи своето влијание врз Русија за да ѝ стави крај на неодговорната руска нуклеарна реторика и да спречи каква било ескалација“ на конфликтот.

„Државниот секретар очекува Кина јасно да ја именува и да ја осуди руската агресија и да се воздржи од поддршка на таа земја со оружје“, рече Вагнер. „Двете страни се согласија дека размената на информации за руската агресорска војна против Украина треба да продолжи“, заклучи тој.

Ли Хуи, кој беше кинески амбасадор во руската престолнина, веќе една недела е на турнеја низ Европа. Два дена помина во Киев, еден ден во Полска, а во вторникот ја посети Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ