сабота, 27 јули 2024

Германија ѝ дозволила на Полска да извезе пет борбени авиони МиГ-29 во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус кажа дека барањето стигнало днес и дека тоа што Берлин го одобрил барањето истиот ден значи дека Германија е сигурен партнер, пренесува Ројтерс.

Германија наследи 24 авиони МиГ-29 од Источна Германија при повторното обединување во 1990 година. Тогаш тоа беа едни од најнапредните борбени авиони во светот.

Берлин во 2004 ѝ предаде на Полска 22 авиони, едно летало се урна, а уште едно се наоѓа во музеј.

На Полска ѝ е потребна согласност од Берлин за да ги испрати преостанатите авиони на трета земја.

Полска на почетокот на април, како прва членка на НАТО, и ги предаде на Украина ветените ловци МиГ-29, но не се знае колку авиони ѝ испратила.

Според последните информации, Полска има 22 авиони МиГ-29А и шест авиони МиГ-29УБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ