сабота, 27 јули 2024

Германија ѝ дозволи на Украина да го користи нејзиното оружје против цели на руска територија

Германската влада ѝ одобри на Украина да го користи оружјето добиено од Германија против воени цели на територијата на Русија, соопшти денеска Берлин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во последните недели Русија, особено во областа Харков, подготвува и изведува напади од руската погранична област. Германија и нејзините партнери дојдоа до заклучок дека Украина има право да се брани од овие напади според меѓународното право“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.

Тој рече дека тоа важи и за оружјето што Германија ѝ го дала на располагање на Украина. Германската влада претходно објави дека за ова прашање се договорила со своите партнери „за време на интензивни консултации“ на 29 и 30 мај.

„Заедно со нашите партнери и во близок дијалог со украинската влада, ние континуирано ја приспособуваме нашата поддршка за развојот на војната во Украина“, рече Хебестрејт.

Теоретски, Украина за напади на руска територија би можела да користи хаубици 2000 и ракетни фрлачи Марс II набавени од Германија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц навести во вторникот вечерта, по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон, дека Германија може да попушти во врска со употребата на германско оружје против цели на територијата на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ