петок, 26 јули 2024

Германци шпионирале за Кина

Германското федерално обвинителство денеска во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца Германци, двајца мажи и една жена, под сомнение дека работеле за кинеската тајна служба најмалку од 2022 година.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за германски државјани што биле уапсени од припадници на Федералната полиција (БКА), јавуваат германските медиуми.

Како што пренесува Велт, биле претресени домовите и работните места на осомничените.

Се тврди дека еден од осомничените, Томас Р., добил информации во Германија за иновативни технологии, кои би можеле воено да се користат за Кинеската тајна служба (МСС), а му помагала брачната двојка Хервиг Ф. и Ина Ф, која ја води компанијата од Дизелдорф.

Со помош на нивната компанија успеале да воспостават контакт и да соработуваат со германски истражувачи и научници, пренесува Велт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ