сабота, 21 декември 2024

Герхард Шредер повика на преговори со Русија: Сетете се на лекциите од историјата

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во интервју за весникот Велт повика на преговори со Русија за решавање на конфликтот во Украина, а на оние кои веруваат дека воена победа над Москва е можна, ги посоветува да се сетат на лекциите од историјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Им препорачувам на сите кои веруваат во оваа победа над Русија да ги погледнат историските книги од Наполеон до Хитлер – сите пропаднаа“, кажа Шредер.

Според него, најреалното сценарио за мир би биле преговори и постигнување компромис со Русија.

„Оваа војна ќе мора да се заврши со преговори. Во секој случај, тоа не може да се реши по воен пат. Мораме да постигнеме компромиси“, оцени поранешниот германски канцелар.

Тој истакна дека Западот ги игнорира легитимните безбедносни интереси на Русија и ги потценува можните изгледи за ескалација на тензиите во Украина.

„Ние Германците мораме да се однесуваме особено внимателно и конструктивно во светло на историјата на Втората светска војна и злосторствата извршени во име на Германија“, предупреди Шредер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ