сабота, 19 октомври 2024

ГЕРБ ќе ги извести европските партнери и ЕУ за забраната на Ковачев да влезе во земјава

Објавено на

часот

Сподели

„На Ѓурѓовден, кога го почитуваме споменот на загинатите војници за нашата татковина, властите на Република Северна Македонија го направија невидениот чин и не му дозволија влез на шефот на групата ГЕРБ-СДС во ЕПП, Андреј Ковачев, кој е и портпарол на групата на ЕПП во Европскиот парламент одговорна за проширувањето на ЕУ и Западен Балкан. ГЕРБ категорично ги осудува овие постапки на властите на РСМ. Ваквите недозволиви мерки, како и сите дејствија во последните месеци против други бугарски државјани или против граѓани на РСМ кои отворено го изјавуваат својот бугарски идентитет, на ниту еден начин не придонесуваат за европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за развој на добрососедски односи меѓу двете земји“, пишува во објавата на Фејсбук страната на ГЕРБ. 

Во објавата од ГЕРБ наведуваат дека тие и нивниот лидер Бојко Борисов направиле насочени напори да ја забрзаат европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, потсетувајќи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ