понеделник, 20 мај 2024

Герапетритис се надева дека новата македонска власт нема да ја смени надоврешната политика на државата

Надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат, изрази шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио Скај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција, говорејќи за вчерашните избори во Македонија, рекол дека одблиску го следат развојот на настаните и посочи дека се подготвени за сите сценарија.

„Од друга страна, се надевам дека нема да има промена во надворешната политика, но и во внатрешните теми на Северна Македонија. Имаме убедлива победа на ВМРО. Нивната предизборна агенда беше фокусирана и на прашањето со Договорот од Преспа и за тоа колку тој претставува достоинствено решение за граѓаните на Северна Македонија. За овој случај сакам да кажам дека Нова демократија како опозиција ги покрена сивите точки од Договорот. Од друга страна, со доаѓањето на власт имаме и политичка и правна обврска не само да го почитуваме Договорот од Преспа, туку да се погрижиме да има и негово доследно спроведување, нешто што се заснова на самиот наш Устав“, објаснил Герапетритис.

Паралелно додал дека договорите што се ратификуваат од парламентите преовладуваат над секоја спротивна одредба од законот, што според него, практично значи дека што и да сака Грција, што и да сака Македонија, не можат еднострано да го изменат Договорот од Преспа.

„Односно, не може да дојде внатрешен закон и да го ревидира или поништи Договорот. Значи сите сме должни да се придржуваме до договореното. Иако предизборно навистина постоеја одредени реторики, јас чувствувам дека климата нема да биде нарушена и од дополнителна причина што Договорот од Преспа претставува формален предуслов за интегративниот пат на Северна Македонија кон Европската Унија, нешто што мислам дека не се оспорува како главна цел на соседната земја“, истакнал шефот на грчката дипломатија.

За европската перспектива, како на нашата земја, така и на целот регион, уште еднаш ја повтори грчката поддршка, бидејќи, како што рече, сметаат дека на овој начин се воспоставуваат мирот и безбедноста во поширокиот регион, но и додал дека конкретно за Македонија големиот проблем што постои сега, не е толку прашањето со Грција и Договорот од Преспа, колку што е во главно прашањето со Бугарија.

„Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот, исто како и Договорот од Преспа претставува предуслов за напредокот на интегративните процеси, па во овој момент Северна Македонија со новата Влада и новата претседателка ќе се најдат пред важни дилеми. Моето верување и надеж е дека соседната земја ќе го продолжи нејзиниот европски пат и нема да имаме оживување на национализам и проблеми од минатото“, истакнал министерот за надворешни работи на Грција, во интервјуто за радиото Скај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ