Шефот на грчката дипломатија во Парламентот одговараше на пратеничко прашање од партијата Победа поврзано со манастирот Хора во Турција, кој турските власти го претворија во џамија, но пратеникот на малата десничарско-националистичка партија ги покрена и останатите прашања од надворешната политика, меѓу кои и Договорот од Преспа.
„Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми, но претставува меѓународно право кое мораме да го почитуваме бидејќи согласно Уставот е над секоја друга законска одредба“, рече Герапетритис.
Паралелно, министерот за надворешни работи на Грција категорично ги демантираше натписите во медиумите за негово учество во составувањето на Договорот од Преспа.
„Не само што немав никакво учество, туку и немаше да можам да учествувам од едноставна причина што темелно не се согласувам со Договорот од Преспа, што претставува правен текст со огромни проблеми кои со текот на времето се покажуваат“, истакна Герапетритис.