Дејан Георгиевски обезбеди медал за Македонија на Европските игри во Краков откако во две рунди ја доби полуфиналната пресметка против Иван Гарсија Мартинез од Шпанија.
Тој веќе го има среброто во џебот, но ќе го даде максимумот да дојде и до златото, вечерва ќе ги одмери силите со Луис Канингам од Велика Британија.
На патот до овој резултат, Дејан Георгиевски прво беше поуспешен од Италијанецот, Матија Молин а потоа по една исцрпувачка борба го победи Украинецот, Андри Харбар.